Мартиќ приреди подвиг на Ролан Гарос, ја испрати втората носителка во публика

Петра Мартиќ приреди првокласна сензација со победа од 2:0 во сетови во третото коло на Ролан Гарос против втората фаворитка на турнирот, Каролина Плишкова.

Хрватката одигра сигурно и двата сета ги доби со по 6:3 во гемови, а во финишот спаси две брејк-топки на свој сервис и стигна до значајна победа.

Мартиќ е 31-ворангирана на ВТА-листата, а ова и е една од најзначајните победи во кариерата и во осминафиналето ја чека победничката од дуелот меѓу Кудерметова и Канепи.

Хрватската тенисерка со победата против Плишкова го израмни најдобриот пласман на Ролан Гарос, со пробив во четвртото коло, каде што играше двапати, во 2012 и 2017 година, и тогаш не успеа да го мине осминафиналето.

Мечевите во машка конкуренција почнуваат подоцна.

- Оглас -

Најнови вести