Работнички на чекор до пласман во ново финале

Работнички е поблиску со репризно финале против МЗТ Скопје, откако во третата полуфинална пресметка ја совлада Блокотехна со убедливи 91:73 за водство од 2-1 во серијата. Избраниците на Марјан Докузовски се реваншираа за тешкиот пораз пред неколку дена кој го претрпе во Гевгелија, па сега им преостанува уште една победа и да се најдат во позиција да ја бранат титулата во домашното првенство.

Неивесноста владееше во воведните минути од средбата, а Работнички ја поништи иницијативата на гостите и презеде контрола врз резултатот. Пред паузата домаќините за првпат дојде до двоцифрена предност, а тоа беше најава за убедливиот триумф.

Одличните серии од 13-2 и 8-3 во последниот период на Работнички значеа дека Блокотехна ќе мора да се помири со тешкиот пораз и да чека три дена за да се поправи и да остане во игра за пласман во финалето.

Костов со двоен учинок од 19 поени и 12 скока беше најефикасен од редовите на актуелниот македонски првак, а по 18 поени додадоа Стајиќ и Чековски. Пен со 23 поени беше најразигран кај Блокотехна, додека Фундеург и Думиќ завршија со 11, односно 10 поени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести