Кјелце не успеа да го препише рецептот на Вардар – Барселона е трета во Европа

Барселона не дозволи нова сензација и со победа од 40:35 против Кјелце го освои треото место на фајналфор турнирот во Келн.

Каталонците постојано водеа, но и повторно дојдоа во иста ситуација како и против Вардар во полуфиналето, во финишот да стравуваат за победа.

Но, Кјелце го немаше рецептот на македонскиот првак, дојде на само два негатива, 29:31 и не успеаја да направат комплетен пресврт, па за првпат загубија во меч за третото место.

Барса се разбуди на време, малку имаа и помош од судиите, но го заслужија бронзениот медал.

Дика Мем со 8 голови беше најефикасен кај победничкиот состав, а Доленец погоди 7 пати. Одлично одигра и крилото Ненад Илиќ со 6 погодоци, сите во второто полувреме.

Кај Кјелце и на мечот најефикасен беше Морито со 10 гола. Каралек постигна шест, додека Дујшебаев беше стрелец на пет погодоци и му фалеше само еден за да стаса до стотка во ова издание на ЛШ.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести