Стоилов кратко и јасно: Голема победа за нас и за мојата земја Република Македонија

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, по втор пат како капитен го предводеше македонскиот првак до европскиот трон. Стоилов овојпат направи голем потег и реши да му дозволи на Игор Карачиќ прв да го подигне шампионскиот пехар. По завршување на финалето, Стоилов на прес-онференцијата им честиташе на противниците од Веспрем за добрата игра и додаде дека ова е една голема победа за Вардар.

„Честитки за играчите на Веспрем за фер и коректната игра. Многу добар меч. Ова е среќен крај. Голема победа за нас и за мојата земја Република Македонија“, рече Стоилов на прес-конференцијата по финалето завиткан со македонското знаме околу вратот.

Изјавата на Стоилов е по 2:20 минути на видеото.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести