ПО цел ден чекање, вардаровите ракометари се на бината на плоштадот „Македонија“. Како што е обичај, прв се појави капитенот Стојанче Стоилов, кој имаше што да каже.
„Добровечер Скопје, добровечер Македонија. Ова втор пат ви го кажувам. Скопски Вардар европски првак. Овие момците позади мене, овие се најголеми амбасадори на нашата држава. Голем дел од нив не се Македоници и еден ден ќе си одат во нивните држави и ќе кажуваат, „си беше еднаш еден Вардар во една Македонија“… Верувајте најубавиот дел од нивните кариери е во Вардар. Да живее Вардар, да живее Македонија“, рече Стоилов.