Денеска стартуваат квалификациите за СП 2022!

Со натпреварот помеѓу репрезентациите на Монголија и Брунеи, кој се игра од 11 часот во Улан Батор, верувале или не, уште од сега почнуваат квалификациите за наредното Светско првенство кое ќе се одржи кон крајот на 2022 година во Катар.

Патот до Мундијалот почнува денеска, а сè ќе се заврши на 18 декември 2022 година, за кога е закажано финалето. Се очекува тоа да биде последно СП со 32 учесника, потоа најверојатно бројката ќе порасне дури на 48.

Освен мечот во Монголија, во Азија денеска ќе се играат уште неколку меча од првата фаза од квалификациите за место на СП. Тоа се дуелите Камбоџа – Пакистан, Лаос – Бангладеш, Макао – Шри Ланка и Бутан – Гуам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести