Драмата околу тоа кој ќе биде нов клупски фудбалски првак на Африка ќе продолжи. Есперанс де Тунис и Видад Казабланка ќе мора повторно да го одиграа вториот меч, по кој треба да се дознае шампионот.
Првиот меч одигран во Мароко заврши 1:1, а домаќините имаа големи забелешки на судењето. Арбитeрот, иако имаше помош од ВАР-системот, не досуди чист пенал за домаќините, а потоа исклучи еден играч на Видад Казабланка. Домаќините упатија жалба поради овие пропусти, а судијата беше казнет со шест месеци суспензија.
Ако делуваше дека првиот меч е со скандал, тогаш на реваншот во Тунис се случи кулминација. Домаќините поведоа со 1:0, а во 59-тата минута Видад Казабланка даде гол за 1:1. Судијата го поништи овој погодок поради наводен офсајд. Повторената снимка покажа дека нема офсајд, но, за жал, судијата не можеше да се увери во тоа.
Судијата отсвири крај и трофејот и медалите беа поделени на играчите на Есперанс де Тунис. Сепак, сега тие медали и трофејот треба да се вратат и дури откако повторно ќе се одигра реванш-мечот, ќе официјално ќе се знае кој е првак во Африка.