Користеше ВАР и пак направи кардинални грешки, па доби суспензија

Со воведувањето на ВАР-технологијата многумина помислија дека судиските грешки во фудбалот ќе бидат минато, или барем сведени на минимум. Сепак дека тоа не е така, се покажа на мечот од финалето во африканската Лига на шампиони меѓу Видад Казабланка и Есперенс де Тунис.

Египетскиот судија Гехад Гриша едноставно се загуби на теренот, а неговите одлуки беа катастрофални, иако користеше и помош од ВАР-технологијата. Арбитерот најпрво поништо гол на Видад поради наводно играње со рака, а потоа пропушти да досуди чист пенал во корист на тимот од Мароко. Во двете ситуации, судијата се консултираше со ВАР-системот, но сепак згреши во одлуките.

Гриша, кој требаше да ја дели правдата на првиот меч од финалето, во неколку минути му даде два жолти картини на капитенот на Видад и домаќините речиси цело второ полувреме го одиграа со играч помалку. Поради ваквото судење, домаќините вложија жалба, а челниците на Африканската федерација веднаш реагираа и го казнија судијата со супсензија од шест месеци.

Мечот во Мароко заврши 1:1, а вечерва се игра реванш-дуелот во Тунис, кога и треба да биде познат новиот африкански фудбалски првак.

- Оглас -

Најнови вести