Првакот одлучен бидејќи не работеше ВАР системот: Домаќините намерно го искршиле, па станаа шампиони! (Видео)

Екипата на Есперанс де Тунис е новиот првак на Африка, но за финалето уште долго време ќе се зборува. Тимот од Тунис се радуваше на трофејот, иако реваншот против Видад Казабланка, воопшто не се доигра. По првиот меч на овие два тима беше 1:1 во Мароко, а синоќа на реваншот во Тунис, домаќините имаа предност од 1:0, кога се случи една спорна ситуација.

Гостите успеаа да постигнат гол, но на изненадување на сите на стадионот, помошникот судија го поништи поради наводен офсајд. Во тој момент, главниот судија побара помош од ВАР системот и тргна да ја гледа спорната ситуација. Сепак, наместо повторена снимка, главниот судија воопшто не можеше ништо да види, бидејќи ВАР системот не работеше.

Во една таква ситуација, судијата реши да му верува на одлуката на својот помошник и го поништи голот. Тогаш се случи хаос на теренот. Гостите протестираа, не сакаа да го продолжат мечот, велејќи дека домаќините намерно го саботирале ВАР системот.

https://youtu.be/GcduUwrWNTo

На повторената снимка се гледа дека погодокот на Видад е регуларен и дека помошникот греши. Еден од гостинските играчи дури покажуваше како домаќините го искршиле мониторот од ВАР системот, непосредно пред да треба судијата да ја глeда спорната ситуација.

На крајот, негодувањата на гостите беа залудни, судијата го поништи погодокот, па тие решија да не го доиграат мечот. а Есперанс де Тунис се радуваше на титулата наменета за најдобриот тим во Африка.

Неверојатно, но и на првиот меч кој се играше во Мароко, Видад Казабланка беше оштетен. На таа средба, судијата поништи еден чист гол за Видад, во една ситуација не досуди постоечки пенал и сето тоа иако имаше помош и од ВАР технологијата. Дека и тогаш судиите грешеле, покажа и суспензијата која ја доби тој арбитар од шест месеци.

 

- Оглас -

Најнови вести