Тимот што нема пораз не се менува – Македонија против Полска со истиот состав од Словенија

Македонија ќе игра со стандардниот состав против Полска, вечерва од 20.45 часот, а нема ниту една измена од 11-те што ремизираа 1:1 со Словенија во претходното коло.

Со Пандев и Несторовски ќе ги напаѓаме фаворитите и лидери во нашата група, а  во одбраната ќе играме со добра тактичка варијанта, засилени на десната бочна позиција со Бејтулаи, пред кого ќе игра Стефан Ристовски, со цел да се сопре Зјелински.

Полјаците ќе играат само со Роберт Левандовски во шпицот, а Пјонтек и Милик се резерви.

Еве ги составите:

Македонија – 4-4-2: Димитриевски – Бејтулаи, Велкоски, Муслиу, Алиоски – Ристовски, Барди, Николов, Елмас – Пандев, Несторовски. Селектор Игор Ангеловски.

Полска – 4-2-3-1: Фабијански – Кеџора, Глик, Беднарек, Бережински – Гросицки, Зјелински – Криховјак, Франковски, Клих – Левандовски. Селектор: Јиржи Брзечек.

 

 

- Оглас -

Најнови вести