Играчите на Луксембург одбија да патуваат во Украина

Репрезентативците на Луксембург со многу страв пристигнаа во Украина, но на крајот безбедно се сместија во хотелот и го очекуваат вечерашниот дуел во Лвов. Луксембург кон Украина замина директно од Литванија, каде што пред два дена играа во меч од квалификациите (1:1), а сега битката за пласман на ЕП 2020 ја продолжуваат во Украина.

Проблемот се случил кога фудбалерите требало да се качат во авионот од романска компанија и да отпатуваат кон Украина. Во авионот се почувствувал мирис на нешто изгорено, а имало и малку дим. Уплашени за својата безбедност, фудбалерите одбиле да патуваат со тој авион.

Преговорите траеле неколку часа, а откако играчите биле убедени дека се работи само за проблем со вентилацијата, тие се согласиле да патуваат со тој авион. За среќа, летото помина без никакви проблеми и Луксембург вечерва без никакви проблеми ќе го одигра дуелот против домаќинот Украина.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести