Косово во Бугарија не ни помислува на пораз

Репрезентацијата на Косово ќе гостува кај Бугарија во еден од најинтересните мечеви вечерва, во квалификациите за ЕП 2020. Косово е селекцијата која едноставно не знае за пораз. Веќе 13 средби немаат неуспех, па затоа разбирлив е нивниот оптимизам пред гостувањето кај Бугарија.

„Сакаме да победиме, но знаеме дека тоа нема да виде воопшто лесно. Го респектираме противникот, но ние ќе ја играме нашата игра и ќе се обидеме да се радуваме на крајот“, рече селекторот на Косово, швајцарскиот стратег Бернар Шалан.

Овие две селекции веќе играа еднаш во квалификациите. Дуелот во Приштина заврши без победник, 1:1. Последен пат Косово загуби во октомври 2017 година од Исланд со 2:0, а од тој меч досега има 13 меча, во кои има 8 победи и пет нерешени. Бугарија се нема израдувано на последните шест репрезентативни дуели (4 ремија и 2 порази), па домаќинтие веруваат дека е време да слават.

Косово е селекцијата која следната година ќе биде противник на Македонија во полуфиналето од плејофот во Лигата на нациите, преку која може да се стигне до пласман на Европско првенство во 2020 година.

Денеска се играат вкупно 12 мечеви во квалификациите за ЕП 2020, а целата понуда ја има во Sport Life обложувалниците.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести