Кога играат Белгија и Швајцарија тоа е најава за голови

Официјално третата најдобра репрезентација според пласманот на Светското првенство во Русија, Белгија, на свој терен ќе игра против Швајцарија, во меч од Лигата на нации. Селекцијата која според многумина го има најголемиот потенцијал за во иднина да стигне до злато на некое големо натпреварување, се соочува со проблеми пред дуелот против ривалот за првото место во групата.

Искусниот Јан Вертонген ќе го нема во средниот ред, а поради повреда отсуствуваат и Муса Дембеле и креаторот на играта Кевин де Бројне. И покрај овие отсуства, селекторот Роберто Мартинез нема да отстапи од офанзивната тактика и ќе игра во формација 3-4-3. На голот ќе биде Куртоа, а во дефанзивата се Алдервирелд, Компани и Бојата. Сепак, филозофијата на Белгија не е да се брани, па се очекува главни на теренот да бидат Мертенс, Лукаку и Азар.

И Швајцарија не е без проблеми. Кај гостите ќе ги нема Џуру и Мехмеди, но битно е дека офанзивниот ред предводен од Сеферовиќ, а од „сенка“ со Џака, Шаќири, Емболо и Зубер, може да е предзнак за погодок и на гостите.

Од претходните седум средби на овие две селекции, дури шест завршиле со барем три погодоци. Фактот дека негуваат офанзивен фудбал, најавува дека и вечерва може да има многу голови. Двете селекции во првиот меч од Лигата на нации се натпреваруваа колку може повеќе голови да му дадат на Исланд. Швајцарија победи со 6:0 против „рибарите“, а Белгија на гости се радуваше со 3:0.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести