Бугарскиот репрезентативец Чавдар Костов, кој има успешни сезони во Македонија, во дресот на Работнички, благодарение на добрите игри кои ги прикажува, за себе предизвика интерес од многу клубови. Неговиот договор со Работнички истекува со завршувањето на сезонава, што значи дека за најмногу една недела, тој за последен пат ќе игра во црвено-белиот дрес каде дојде по барање на тренерот Марин Докузовски.
Според агентот Јоргос Патапатиу, за Чавдар претстои пријатно лето во кое тој ќе може да бира меѓу повеќето понуди.
„Тој е најдобар играч и најдобар странец во македонската лига, прв стрелец во тимот, најдобар дефанзивец. Има исклучително успешни две сезони. Има голем интерес за Костов, не само од Македонија и Бугарија, за него има заинтересирани клубови и од грчкото првенство. Ќе почекаме да завршат првенствата и клубовите да ги одредат буџетите, па ќе се потпише договор”, – изјави познатиот менаџер.
Костов е еден од главните адути на Работнички во финалето на плејофот против МЗТ Скопје Аеродром. МЗТ води со 1-0, а вториот меч се игра вечерва во 20.15 часот во „Борис Трајковски“. Доколку сте сигурни дека ќе победи вашиот фаворит, можете да се обложите во Sport Life.