Буфон како опција да замени една друга голмaнска легенда

Еден од најдобрите во последниве неколку декади во светот, Џанлуиџи Буфон, уште е без клуб. Популарниот Џиџи, кој има 41 година, откри дека си заминува од Пари Сен Жермен, но дека не планира да оди во пензија. Тој сега е во потрага по нов клуб, а шпекулации има многу.

Првично се најавуваше дека Буфон ќе се врати во Парма, клубот од каде што започна во далечната 1995 година. Сепак, таа опција беше демантирана, па Буфон го „испратија“ во Барселона. Опцијата е тој да биде резервен голман на каталонскиот гигант, клуб со кој би можело да ја освои Лигата на шампионите, трофеј кој му недостасува во неговата богата кариера.

Сега, како трет клуб во кој би можело Буфон да ја продолжи кариерата е Порто. Португалскиот гигант бара замена за Икер Касилјас, кој имаше срцев удар и лекарите му препорачаа дека мора да ја заврши кариерата. Засега и оваа опција на Буфон не е сигурна, но сигурно е дека италијанскиот чувар на мрежата ќе може да одбере во кој клуб ќе брани следната сезона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести