Ждрепката за Премиер лигата е утре, а не сакајќи ги открија двојките за првото коло

Пред еден месец заврши драматичната сезона во англиската Премиер лига и фановите со нетрпение чекаат да започне новата. За тоа ќе треба да почекаат речиси уште два месеца, но веќе почнаа теории на заговор.

Една од тие конспирации е дека веќе се знае кои ќе бидат паровите за првото коло. Иако објавувањето на двојките за стартот на сезоната се очекува на 13 јуни, во англиските медиуми се појави слика на која се гледа кој со кого ќе игра на почетокот на сезоната 2019/20.

Дали ова ќе се потврди, ќе видиме утре. Но, нема да биде чудно и да е вистина бидејќи во Англија нема специјална церемонија за ждрепката, туку компјутер ги одредува двојките.

Еве кои се двојките за кои се смета дека ќе бидат официјализирани во текот на утрешниот ден:

сабота, 10 август:

13:30 ч.:
Тотенхем – Норвич

16:00 ч.:
Борнмут – Шефилд јунајтед
Кристал палас – Арсенал
Евертон – Њукасл
Саутхемптон – Челзи
Ватфорд – Вест хем

18:30 ч.:
Барнли – Ливерпул

недела, 11 август: 

14:30 ч.:
Астон вила – Лестер

17:00 ч.:
Манчестер јунајтед – Брајтон

понеделник, 12 август:

21 ч.:
Вулверхемптон – Манчестер сити

- Оглас -

Најнови вести