Милан ја засилува одбраната со дефанзивец на Ливерпул?

Летниот шопинг Милан сака да го започне од Ливерпул, од градот на европскиот првак. Росонерите наводно се распрашуваат за дефанзивецот Дејан Ловрен. Пред да испратат конкретна понуда, прво чекаат Црвените да ја означат сумата за Хрватот, а потоа да се започнат преговори.

Седумкратниот европски шампион засега ветува дека ќе му даде поважна улога на Ловрен во тимот, односно ќе има поголема минутажа и ќе биде стартер, нешто што не може да го добие кај Јирген Клоп поради стоперскиот тандем Ван Дајк – Матип, кој функционира одлично. Честите повреди се дополнителна мака што Ловрен сезонава одигра само 18 натпревари, па откако ја освои титулата во Лигата на шампионите, можеби ќе сака да замине по нов предизвик.

Инаку, Ловрен е член на Ливерпул од 2014 година по преселбата од Саутхемптон во трансфер вреден 23 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести