Рекордот на Роналдо остана недостижен за Азар

Реал Мадрид се уште го држи рекордот со посета на официјална промоција на фудбалер, но не успеа да ги оствари најавите за атак на засега неприкосновениот Кристијано Роналдо, со вчерашната промоција на Еден Азар.

Белгиецот беше поздравен на „Сантијаго Бернабеу“ од околу 50 илјади симпатизери на кралскиот клуб, што е многу далеку од посетата и атмосферата кога Роналдо пристигна во Реал Мадрид и им се претстави на навивачите на најтрофејниот шпански клуб.

Во 2009 година популарниот ЦР7 според проценките собра околу 80 илјади луѓе на официјалната промоција како нов играч на Реал Мадрид и го урна рекордот стар 25 години во сопственост на Диего Армандо Марадона.

Аргентинската фудбалска икона со своите магични потези и жонглирање ги запали навивачите на Наполи во 1984 година кога пристигна на „Сан Паоло“ и се промовираше пред 75 илајди симпатизери на клубот од Непаол.

Во топ-5 се и Златан Ибрахимовиќ кога пристигна во Барселона истата година како и Роналдо, а го чекаа на трибините на „Камп Ноу“ 60 илјади симпатизери на Каталонците, потоа и Нејмар исто така во Барселона пред 57 илјади гледачи и Кака во Реал Мадрид со слична бројка на симпатизери на Реал Мадрид, како и Нејмар.

Сега зад големата петорка е Азар, но тој и покрај најавите беше далеку од рекордот на Роналдо и зад посетата при официјалните промоции на Марадона, Ибрахимовиќ, Нејмар и Кака.

 

- Оглас -

Најнови вести