Денеска е историски ден за светското ватерполо

Белград е домаќин на Светската лига во ватерполо, со што денеска почнува борбата за место на Олимписките игри во Токио 2020 година, а новина е што ќе почне да се применува видеотехнологија и во овој екипен спорт кој се игра во базени.

На легендарниот базен на Ташмајдан во Белград ќе има камери кои треба да им помогнат на судиите да донесат правилни одлуки во некои спорни моменти.

„Освен тоа што победникот ќе се здобие со олимписка виза за 2020 година, важно е да се напомене дека наградниот фонд е зголемен и ќе изнесува 350.000 долари. Исто така, за првпат во историјата на ватерполото ќе се користи ВАР-систем како во фудбалот. Ќе го пробаме системот, да видиме како ќе функционира и колку е ефикасен“, рече високиот претставник на ФИНА, Марк Коганов.

Прв меч е Хрватска – Казахстан од 14 часот, а домаќинот Србија од 21 ја пречекува Австралија. Играат уште Унгарија – Канада и Јапонија – Шпанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести