Шкендија ја чека потенцијален двомеч со Црвена ѕвезда, Динамо, Селтик…

Македонскиот фудбалски првак Шкендија имаше среќа на вчерашната ждрепка во првото квалификациско коло од Лигата на шампиони. Тетовци за противник го добија Номе Калју, кој беше еден од најпосакуваните ривали. Доколку успее да го помине овој ривал, Шкендија во второто квалификациско коло ќе биде во улога на неносител и ќе добие посилен ривал од себе.

Денеска точно на пладне ќе биде ждрепката за второто квалификациско коло, а познати се можните ривали на Шкендија, ако го помине првиот предизвик.

Динамо Загреб и АПОЕЛ од Кипар се носители во групата каде што ќе биде и Шкендија. Меѓу носителите ќе бидат и победниците од дуелите Селтик – Сараево, Валур – Марибор и Судува – Црвена ѕвезда. Тука фаворити се Селтик, Марибор и Ц. Ѕвезда, па ќе биде интересно да се види кој е можниот следен ривал на Шкендија.

Освен Шкендија, можните ривали за евентуалното следно коло ќе ги добијат и трите клуба кои ги имаме во Лигата на Европа.

Македонија Ѓорче Петров е во шестата група, каде што е неносител, па ако помине во првото коло, следен противник ќе ѝ биде една од овие екипи: Млада Болеслав, Стразбур, Аз Алкмар, како и подобрите од дуелите Радник Бјелина – Спартак Трнава, Стеауа – Милсами и Жалгирис – Аполон Лимасол.

Академија Пандев и Шкупи се во групата 2, па ако бидат подобри во дуелите со Зрински, односно Пјуник, за ривали може да ги добијат Легија Варшава, Штурм, Утрехт, Јаблонец, АЕК Ларнака и Петроклуб. Ждрепката за второто квалификациско коло во Лигата на Европа е во 13 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести