Среќна ждрепка за Шкендија во првото коло од квалификациите за ЛШ

Македонскиот шампион Шкендија во првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите ќе се соочи со естонскиот тим на Номе Кајлу. Тетовци добија еден од посакуваните противници и притоа избегнаа тешки предизвици против Ференцварош и Клуж. Така одлучи денешната ждрепка која се одржа во Нион, Шкендија да го добие најлесниот можен противник.

Првиoт натпревар ќе се игра на 9 јули во Естонија, на стадионот од Номе, којшто има капацитет од 650 седишта, додека реваншот е предвиден за 16 јули и ќе се игра во Скопје.

Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски со својот Ференцварош ќе се соочи со бугарскиот шампион Лудогорец, додека Крсте Велковски со Сараево ќе истрча на „Селтик парк“ каде ќе се соочи со поранешниот европски шампион Селтик.

Сите парови во првото квалификациско коло за сезоната 2019/20 во ЛШ:

- Оглас -

Најнови вести