Уште пред да почне дуелот меѓу Македонија и Лихтенштајн, добри вести за нашата репрезентација. Гибралтар со 1:0 ја победи Ерменија на гости и со тоа донесе радост и за нашите „црвено-жолти“. За Гибралтар ова е прв триумф на меч од некои квалификации.
Чиполина во 50 минута од пенал погоди за прв гол на Гибралтар, што беше доволен и за победа на гости. По ваквиот исход, Ерменија и Гибралтар имаат по три бода од три меча, Лихтенштајн исто така има три бода, но од две средби, додека Македонија е единствена со шест бода од два дуели.
Доколку Македонија вечерва го победи Лихтенштајн, ќе стигне до 9 бода и на половина од групната фаза ќе има шест повеќе од останатите три конкуренти. Едноставно на Македонија широко и се отвори вратата за прво место во групата, што носи шанса за директен пласман на Европското првенство во 2020 година.