Војдан погоди дека Баерн ќе ја совлада Алба, квотата беше 2.20

Баерн Минхен ја победи Алба во Берлин со 82-77 и поведе со 2-0 во финалето на плејофот во германскиот кошаркарски шампионат, што значи дека на тимот на тренерот Дејан Радоњиќ му треба само уште еден триумф за титула.

Според квотите во обложувалницата Sport Life, фаворит беше Алба, двојката на Баерн беше со коефициент 2.20, а доколку го послушавте предлогот на Војдан Стојановски, кој игра во германската лига и добро ги познава екипите, сега имате добивка. Капитенот на македонската репрезентација, кој сезонава играше за Олденбург, најави дека Алба тешко ќе го издржи притисокот дека мора да победи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести