Италијанската врска функционира беспрекорно во македонската фудбалска репрезентација, а Горан Пандев сервира, за Александар Трајковски да реализира.
По две филигрански акции во десеттата и 30. минута Пандев му подготви зицери на Трајковски, а напаѓачот на Палермо двапати погоди. Македонија води со 2:0 против аутсајдерот и сигурно чекори кон полуфинале во Д сегментот во Лигата на Нации.