Меѓународната автомобилска асоцијација ја одби жалбата на Ферари за петте секунди казна кои ги доби нивниот возач Себастијан Фетел, поради му беше одземена победата во Канада, а истата беше доделена на Луис Хамилтон. ФИА цврсто стои до одлуката дека Фетел е казнет според правилникот, иако Ферари во изминатив еденови собираше докази за да поднесе жалба.
Како што претходно беше објаснето од стјуардите, Фетел излетал од патеката на третиот свиок и се вратил на четвртиот, при тоа нерегуларно го принудил Хамилтон да излета од патеката, а казната за тој прекршок е пет секунди, доволно за Германецот да остане без канадското Гранд при.
Целата ситуација поради која Фетел беше казнет, може да ја погледнете ТУКА.