Моментот кој одлучи Хамилтон да победи, иако не заврши прв (Видео)

Неверојатно интересна и драматична беше завршницата на трката за големата награда на Канада во Ф1 шампионатот. Себастијан Фетел заврши како прв, но Луис Хамилтон беше победник. Тоа е така затоа што Британецот, кој заврши втор во трката, заостана само една и пол секунда зад Фетел, кој на крајот доби пет секунди казна на своето време, па затоа имаше и рокада на првите две места.

Фетел беше казнет поради инцидентот во 48-миот круг од трката. Германецот во еден момент загуби контрола над болидот, излета, но брзо се врати и во тој момент го блокираше Хамилтон, кој можеше да го помине. За ова блокирање, стјуардите го казнија Фетел со пет секунди казна.

Погледнете го клучниот момент на трката и сами проценете кој е во право.

- Оглас -

Најнови вести