Каталонски „Спорт“ објави информација дека семејството на Нејмар веќе пристигнало во Барселона, што е уште една потврда за кам-бекот на Бразилецот во редовите на шпанскиот гигант.
Надине Конлавеш, мајката на Нејмар и неговата сестра Рафаел Сантош веќе пристигнаа во каталонскиот град, а сценариото е слично како и во 2013 година, кога бразилскиот ас за првпат потпиша за Барселона.
И сега женскиот дел од семејството на Нејмар, како што пишуваат новинарите на каталонски „Спорт“ има задача да биде логистика за доаѓањето на бразилската ѕвезда.
Барселона и Нејмар веќе се договорија за враќање на Бразилецот, а се работи за петгодишен договор. Нејмар ги прифатил сите услови од клубот, па и тоа да ја повлече тужбата која ја активираше по заминување, кога бараше 26 милиони евра за „лојалност“ на клубот.