Македонската ракометна репрезентација денеска од 18.45 часот во Виена од вториот шешир ќе ги чека своите противници на Европското првенство што во јануари ќе се одржи во Австрија, Шведска и Норвешка. Директен пренос од ждпреката ќе можете да следите на телевизија Телма.
За нашите најдобри ракометари ова ќе биде петти континентален турнир по ред, а вкупно шести во историјата. Првото место во квалификациите значеше и место во вториот квалитативен шешир при ждрепката. Според тоа, нашата репрезентација нема да може да игра во група со еден од Норвешка, Словенија, Германија, Унгарија и Белорусија.
Македонија може да игра во групата во Грац, каде еден од противниците би била Хрватска, во групата во Виена, каде од третиот шешир е сместена Австрија, во или шведските градови Малме и Гетеборг, каде како домаќини се Данска односно Шведска.
Ако бидеме во Грац, може да се случи група во која ќе има само земји од поранешна Југославија. На пример: Хрватска, Македонија, Црна Гора, Србија.