Лудница во Порто Пренс, се славеа фудбалските херои на Хаити (Видео)

Хаити ја слави победата на своите фудбалски херои, а веднаш по завршувањето на трилер четвртфиналето против Канада и победата од 3:2 за историја и прв пласман во полуфинале на Голд купот илјадници луѓе славеа во главнито град Порто Пренс, но и во останатите места на 11-милионската држава.

Хаити приреди голем подвиг и со три гола во второто полувреме од работ на елиминација стаса до голем триумф против Канада.

Сега им следи уште еден меч за историја, полуфиналето против Мексико на трети јули, а досега никогаше не успеале да го победат најтрофејниот состав на шампионатот на кој учествуваат земји од Северна и Централна Америка и Карибите.

Хаити успеа да елиминира еден поранешен шампион Канада, а сега во седмиот меѓусебен меч со Мексико ќе се обиде да приреди уште еден и поголем подвиг за финале и елиминација на 7-кратниот освојувач на Голд купот.

https://twitter.com/LunionSuite/status/1145147990715359232

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести