Барселона и Пешиќ „во врска“ до 2021 година

Барселона и Светислав Пешиќ официјално ја продолжија соработката до 2021 година. Српскиот стратег одлучи да го обнови договорот и ќе продолжи да го води каталонскиот гигант и во наредните две и пол години.

Ова е втор мандат на Пешиќ на клупата на Барселона и досега го предводеше тимот на 240 натпревари. Во периодот од 2002 до 2004 година ги предводеше Каталонците до пет трофеи, додека во изминативе две сезони на двапати го освојуваа Кралскиот куп. Најголем успех му е европската титула во 2003 година.

https://twitter.com/FCBbasket/status/1145656015188299777?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1145656015188299777&ref_url=http%3A%2F%2Fsportklub.rs%2FKosarka%2FSpanija%2Fa291078-Zvanicno-Pesic-vodi-Barsu-do-2021.-godine.html

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести