Муту: Ибрахимовиќ имаше кошмари сонувајќи го Кристијано Роналдо

Некогашниот романски репрезентативец Адријан Муту кажа една интересна анегдота од времето кога го носеше дресот на Јувентус, во периодот (сезона 2005/06) кога член на Старата дама беше и Златан Ибрахимовиќ, со кого спиеле во иста соба. Муту за Јуве на 33 меча даде седум гола.

„Адри, разбуди се, имав кошмар, сонував дека Кристијано Роналдо е подобар од мене“, му велел Ибрахимовиќ една вечер на својот цимер.

На Романецот не му преостанало ништо друго освен да го смири својот колега и да му помогне повторно да заспие.

„Му реков: Не Златан, тоа е сон, ти си најдобриот фудбалер на светот“, биле зборовите на Муту.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести