Морган 30-ката ја прослави со гол, англиски чај и ново финале (видео)

САД ќе ја брани титулата на Светското првенство за жени откако славеше со 2-1 во полуфиналето против репрезентацијата на Англија предводена од Фил Невил. Американките предводени од Алекс Морган ќе играат ново финале на женскиот Мундијал токму благодарение на нивната најпопуларна фудбалерка, а противникот ќе го добијат утре, по мечот меѓу Холандија и Шведска.

Морган за својот 30-ти роденден си се почести, победничкиот гол го прослави со шолја англиски чај и испрати провокација кон противникот. Токму со погодокот во 31-вата минута Морган изби како најдобар стрелец на шампионатот со шест гола.

Англичанките ќе жалат за утнатиот пенал во 84-тата минута, како и за поништениот гол десетина минути претходно.

https://www.dailymotion.com/video/x7cdfkv

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести