Американците дадоа гол против Јамајка, па мечот се прекина (Видео)

Репрезентацијата на САД води со 1:0 против Јамајка во полуфиналето на Голд купот, кој има неочекуван проблем. Поради лошите временски услови, дуелот веќе 45 минути е одложен. Големо невреме со силни грмежи е причина за прекин на дуелот во Нешвил.

Додека имаше услови за игра, САД беше подобар тим. Американците поведоа со голот на Вестон Мекени уште во деветтата минута.

Сепак, во 18-тата минута од мечот, судијата беше принуден да побара прекин бидејќи времето беше навистина лошо, а постоеше опасност и да удри некој гром во близина на стадионот.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести