Златната топка и оваа година нема да биде ниту за Меси ниту за Роналдо

Неуспехот на Аргентина и Лионел Меси да стигнат до титулата на Копа Америка како да го елиминираше капитенот на Гаучосите и предводник на Барселона во трката за Златната топка. Меси може да се пофали дека петпати ја има освојувано оваа најзначајна индивидуална награда. Аргентинецот е корекордер заедно со Кристијано Роналдо, кој исто така има пет вакви признанија.

Веќе повеќе од една деценија тие двајца се во најтесниот избор за наградата, но минатата сезона заврши нивната доминација откако за најдобар беше прогласен Лука Модриќ. Според најавите, и оваа година Златната топка нема да биде ниту за Меси ниту за Роналдо.

Меси со Барселона ја освои Ла Лига, а Роналдо освен трофејот со Јувентус во Серија А, го крена и пехарот во Лигата на нациите со Португалија. Сепак, ова не е доволно за тие да бидат први фаворити за Златната топка. Листата на топ 10 фаворити за престижната награда ја предводи Вирџил ван Дајк од Ливерпул. Дефанзивецот на англискиот тим одигра одлична сезона и беше еден од најзаслужните што Ливерпул стана европси првак.

Зад Ван Дајк, следи Меси, па Роналдо, а потоа се Мохамед Салах, Еден Азар, Садио Мане, Бернард Силва, Килјан Мбапе, Рахим Стерлинг и Алисон Бекер.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести