Јубилејната сезона во Формула 1 ќе стартува од Австралија

Сезоната 2020 во Формула 1 ќе стартува на 15 март со трката за Големата награда на Австралија. Ќе биде тоа 25-та трка на патеката „Алберт парк“ во Мелбурн откако во 1996 година влезе во календарот, кое ќе го означи почетокот на јубилејната 70-та сезона во Формула 1.

„Патеката „Алберт парк“ е една од најпопуларните во нашиот календар. Нема подобро место за старт на сезоната 2020“, истакна првиот човек на Формула 1, Чејс Кери.

https://twitter.com/F1/status/1147568896007790593?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1147568896007790593&ref_url=http%3A%2F%2Fsportklub.rs%2FAutomoto%2FFormula-1%2Fa291674-Australija-otvara-jubilarnu-sezonu-Formule-1.html

Од претходно е познато дека во новата сезона ќе се врати трката за Големата награда на Холандија, а со Гранд при ќе дебитира Виетнам. Има промени во трката во Бразил, ќе се вози во Рио Де Жанеиро наместо во Сао Пауло, додека под знак прашалник остануваат четири патеки на кои им завршува договорот – во Велика Британија, Германија, Шпанија и Мексико.

- Оглас -

Најнови вести