Гран прито на Бразил од Сао Пауло се сели во Рио

Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, потврди дека ќе има промени за трката за Големата награда на Бразил во Формула 1. Од следната сезона трката нема да се оджуваа како досега во Сао Пауло, туку се сели во Рио де Жанеиро. Болсонаро ова го потврди на воената церемонија која се одржа во Градот на Карневало“.

Трката во Сао Пауло се одвива од 1990 година, но по крајот на оваа сезона, ќе заврши постоечкиот договор меѓу Формула 1 и самиот град, така што Гран прито на Бразил ќе се пресели во Рио.

„За изградба на патеката ќе ни бидат потребни околу шест до седум месеци. За разлика од изградбата на патеката во Сао Пауло, која беше финансирана од самата држава и локалната власт, за новата патека во Рио ќе се користат приватни финансии“, истакна Болсонаро.

Скица – Како треба да изгледа новата патека во Рио Де Жанеиро

Инаку, трката за Големата награда на Бразил според распоредот за оваа сезона е претпоследна трка во шампионатот, која ќе се одржи на 17 ноември.

- Оглас -

Најнови вести