Тоа е вистински пријател, борец и идол: Начо со потег за почит

Некогашниот холандски репрезентативец Фернандо Риксен ги живее последните денови од својот живот. Од 2013 година Риксен се бори со страшната болест АЛС (Амиотрофична латерална склероза), која ги ослабува речиси сите мускули на телото. Во 2015 година, лекарите му соопштиле дека има само уште 18 месеци живот, но фудбалерот покажа дека е вистински борец.

Сепак, и самиот Риксен е свесен дека опасната болест го совладува и дека нема уште многу време за живот. Дека Риксен не е заборавен од своите некогашни соиграчи, покажа Начо Ново. Цели шест години Начо и Риксен беа соиграчи во Глазгов ренџерс. Сега, Начо реши да го истетовира ликот на својот некогашен соиграч.

„Тој е мојот идол, мојот најдобар пријател и борец. Те сакам брате“, рече Начо, кој ја покажа тетоважата со ликот на Риксен.

Претходно, во болницата во која е Риксен на посета му беа некогашните соиграчи Џовани ван Бронхорст, Мајкл Молс и Артур Нуман.

„Тој е голем борец и голема инспирација. Секоја му чест“, рече Молс.

Неодамна, Риксен ѝ направи роденденско изненадување на својата седумгодишна ќерка, знаејќи дека тоа најверојатно е последниот роденден за него на неговото дете. 

 

- Оглас -

Најнови вести