Арсенал ќе потроши речиси две третини од буџетот за тинејџер

Арсенал е на прагот да го доведе првото летно засилување во своите редови. Станува збор за младиот дефанзивец на Сент Етјен, Вилијам Салиба, за кого Топчиите наводо ќе потрошат околу 26 милиони фунти, речиси две третини од буџетот кој го има на располагање менаџерот Унаи Емери.

Уште повеќе зачудува следниот потег на Арсенал. Емери нема веднаш да го вметне во својот тим, се очекува Салиба да остане во редовите на францускиот прволигаш уште една сезона како позајмен играч за да стекне повеќе искуство. Салиба поседува талент и предиспозиции да биде одличен стопер, но 16 настапи за сениорскиот тим на Сент Етјен се премалку за да може да одговори на задачата во Премиер лигата.

Навистина необичен потег на шпанскиот стратег, кој претходно истакна дека одбраната е голем проблем на Арсенал и дека најголем дел од предвидениот буџет (45 милиони фунти) ќе се троши на дефанзивци.

Емери се обидува да доведе ново лице и на левата бековска позиција, а обидите да го купи Киран Тирни од Селтик засега беа неуспешни бидејќи шкотскиот првак не сака да слушне за сума помала од 25 милиони фунти.

- Оглас -

Најнови вести