По 20 години, Црвената фурија без „златните „момчиња“

Пау Гасол, Хуан Карлос Наваро, Раул Лопес и Фелипе Рејес нема да играат на СП и ова е првпат по цели 20 години големо натпреварување (Олимписки игри, Светско или Европско првенство) да мине без присуство на четворицата кошаркари кои во 1999 на Шпанија ѝ донесоа титула јуниорски шампион на светот.

НБА-ѕвездата Гасол е повреден, а плус тоа и се ожени, Наваро ја заврши кариерата и со тоа заврши една ера од две децении на кои немаше важен настан, а во репрезентацијата да нема ниту едно од момчињата кои во 1999 година како јуниори направија голем успех.

Наваро уште од 2000 беше сениорски репрезентативец и до Евробаскетот во 2013 во Словенија не пропушти ниту еден голем настан. На ЕП 2013, претставник на златната генерација од 1999 беше Герман Габриел. Потоа Наваро, Гасол и Рејес се вратија во националниот тим и последен пат заедно заиграа на ЛОИ во Рио 2016 година.

Шпанија и на Мундобаскетот во Кина ќе има силен тим, предводен од Марк Гасол, Рубио, Љуљ, Руди Фернандес, браќата Ернангомес, но нема да бидат во првиот ред фаворити за медал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести