Овој Србин има позитивен скор во дуелите со Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ има подобар меѓусебен скор дури од 208 тенисери со кои се среќавал. Со 11 има ист биланс на победи и порази, а само со 12 е во негатива и почесто губел отколку што ги победувал, и интересно е тоа што еден од нив е сонародник на Ноле. Станува збор за Филип Крајиновиќ, моментно вториот српски рекет.

Крајиновиќ го совлада Ѓоковиќ во четврт-финалето на Отвореното првенство на Србија во 2010 година (мечот не се одигра до крај бидејќи Ѓоковиќ имал здравствени проблеми) и има 1-0 во дуелите со Ѓоковиќ.

Таков е случајот и со Јапонецот Даниел Таро, кој еднаш се сретна со Новак, годинава, и победи. Тогаш Ѓоковиќ штотуку се имаше вратено од операцијата на лакотот. И Јиржи Весели има 1-0, како и Стефанос Циципас.

Две победи против Ѓоковиќ има Ник Киргиос, кој во 2017 година, го најде начинот како да го совлада фаворитот. Хрватот Иво Карловиќ има 2-1 против Ѓоковиќ.

Од оние што веќе не играат тенис, позитива против Ѓоковиќ имаат: Енди Родик, Марат Сафин, Фернандо Гонзалес, Филипо Воландри, Денис ван Шепинген и Антони Дупуа.

За популаниот Ноле, најважно е што има позитивен скор против двајцата најголеми ривали. Во пресметките со Рафаел Надал има 27-25, а со Роже Федерер има 24-22.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести