УЕФА го одреди наградниот фонд за новата сезона

УЕФА го одреди наградниот фонд за новата сезона во трите натпреварувања – Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Суперкупот. Вкупно 2,5 милијарди евра ќе бидат поделени за учесниците во овие натпреварувања, додека Европската фудбалска куќа очекува вкупна заработка од 3,3 милијарди евра, исто како во минатата сезона.

Околу 660 милиони евра ќе бидат поделени на екипите-учесници кои нема да обезбедат пласман во групната фаза од двете натпреварувања. Учесниците во Суперкупот, во овој случај Ливерпул и Челзи, ќе добијат по 3,3 милиони евра, додека победникот ќе заработи дополнително еден милион евра како награда.

Што се однесува за Лигата на шампионите, наградите за пласман во групната фаза ќе изнесуваат колку и лани. Сите 32 екипи ќе добијат по 15 милиони евра – за секоја победа ќе заработат дополнително 2,6 милиони евра, односно околу 900.000 евра за реми. Околу 9,5 милиони евра ќе добие секој клуб за обезбедено учество во првата рунда од нокаут-фазата, по 10 милиони евра се предвидени за четврт-финалистите, за учество во полуфиналето предвидени се уште по 12 милиони евра, додека финалистите ги чека награда од 15 милиони евра, односно дополнителни четири милиони евра за освојување на европската титула.

Овие износи се доволна мотивација за европските гиганти, покрај најпосакуваниот клупски пехар во најпопуларниот спорт.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести