Манчестер јунајтед го урна светскиот рекорд: Купен најскапиот дефанзивец во историјата

Според англиските медиуми, Лестер и Манчестер јунајтед постигнаа договор за трансфер на Хари Мегваер. Преминот на Мегваер на „Олд Трафорд“ ќе биде најскапиот трансфер на еден дефанзивец во историјата на фудбалот. Лестер би требало да добие 80 милиони фунти за заминување на овој играч. Тоа е за пет милиони фунти повеќе од сумата која Ливерпул ја плати за доведување на Вирџил ван Дајк (75 милиони фунти).

Мегваер утре треба да пристигне во Манчестер за да ги помине лекарските прегледи. Според договорот, Црвените ѓаволи веднаш ќе платат 60 милиони фунти, а останатите 20 милиони ќе бидат исплатени преку бонуси. Преговорите за трансфер на Мегваер траеја неколку недели.

Манчестер претходно најмногу даваше 70 милиони фунти, а Лестер бараше не помалку од 90 милиони фунти. На крајот, двата клуба направија компромис за да се реализира трансферот.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести