Шокантни сцени во Букурешт, тренерот на Динамо доби срцев удар (Видео)

Универзитатеа Крајова го искористи шокот кај фудбалерите на Динамо за да ги совладаат во Букурешт со 2-0 во меч од романската лига кој ќе остане запаметен по еден негативен момент. На тренерот на Динамо, Еуген Неагу, му се слоши на клупата, претрпе срцев удар и со возило на итна помош беше префрлен во болница. Изненадувачки е што средбата продолжи како ништо да не било.

Натпреварот беше прекинат, амбулантното возило беше на теренот, а фудбалерите и публиката беа шокирани и не можеа да сфатат што се случува. Позитивно е дека тренерот на Динамо е жив, а многумина се прекрстуваа и молеа додека траеше борбата на лекарите за спас на Неагу.

Навивачите имаат голем придонес за ова што се случи. Тие скандираа против Неагу, бараа да остане стариот тренер. Неагу во последните денови јадел многу малку, само пушел и пиел многу кафиња и тоа заедно со стресот придонесе за срцевиот удар.

- Оглас -

Најнови вести