Голем број навивачи во Азија имаат можност во живо да ги следат тренинзите, но и мечевите на Јувентус во подготвителниот период. Италијанскиот првак е на подготовки за новата сезона, а денешниот тренинг беше прекинат од еден навивач.
Симпатизерот на Јувентус влезе на теренот, сакаше да стигне до фудбалерите на Старата дама, но неколку полицајци успеаја да го стигнат и да го сопрат. Во тој момент се случи мешаница, а на Кристијано Роналдо му стана интересно. Првата ѕвезда на Јувентус, без многу размислување, се стрча кон еден од полицајците и скокна директно врз него. Полицаецот збунето го погледна додека Роналдо се смееше.
Утре попладне, од 13:30 часот, Јувентус ќе игра пријателски меч против Интер.