Покрај вртоглавите договори и пари кои ги добиваат од клубовите во коишто настапуваат, светски познатите спортисти заработуваат вистинско богатство и од маркетинг-договорите, но и од учеството на социјалните мрежи. Посебно голема заработка доаѓа од социјаната мрежа „Инстаграм“, каде што Кристијано Роналдо е вистински крал.
Португалецот има 173 милиони следбеници, па од една објава на „Инстаграм“ тој може да заработи и до 784.000 фунти. Следен на листата на заработка од „Инстаграм“ е Нејмар. Бразилецот го следат 121 милион луѓе, а една негова објава му носи 580.000 фунти. Лионел Меси има 123 милиони следбеници, а заработува 521.000 фунти од еден пост.
На четвртото место е пензионираниот Дејвид Бекам, кој има 57 милиони фанови, а тоа му носи 287.000 фунти по објава. Дури на петтото место доминацијата на фудбалерите ја прекинува Леброн Џејмс. Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс има 50 милиони следбеници и 219.000 фунти по објава.
Еве ја листата на спортистите со најголема заработка од „Инстаграм“.
صحيفة الصن: كريستيانو رونالدو يتصدر قائمة أغنياء إنستاغرام، حيث يمكنه كسب 780 ألف جنيه إسترليني لكل منشور.https://t.co/mVQpQV1QT0 pic.twitter.com/5htDvWRa3L
— نادي دبي للصحافة (@DubaiPressClub) July 23, 2019