Одлично засилување за МЗТ Скопје, Николов потпиша едногодишен договор

Кристијан Николов се врати во Македонија, потпиша едногодишен договор со МЗТ Скопје и ќе биде големо засилување за вицешампионот.

Николов има 22 години, а за него се крена многу прашина откако пред 5 години одлучи да земе турско државјанство и стана член на Галатасарај.

Го одби и повикот да игра за Македонија, но сега се враќа како 22-годишен кошаркар со искуство од турската Прва лига. Играше за Галатасарај, потоа и за Јесилгиресун, Трабзонспор и Истанбул ББ.

Во МЗТ Скопје доаѓа од Петким, а во 2012 година стана најмладиот македонски репрезентативец играјќи против Русија со 15 години и 8 месеци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести