Гремио оди на покерот во Копа Либертадорес

Дестројерс – Ројал Пари (Боливија, 00.15)

Двете екипи одиграа лош прв дел од првенството и популарната Апертура ја завршија во долниот дел од табелата. Дестројерс беше последен само со 22 бода во 26 меча, а и сега нема некакви илузии дека може многу подобро во Класура.

Ројал Пари беше малку подобар, заврши на 11-тата позиција во конкуренција на 14 екипи, но треба да игра многу подобро во вториот дел од шампионатот на Боливија за да се избегнат проблеми и евентуално испаѓање.

Ројал Пари е втората најлоша екипа во Лигата по бројот на примени голови, а голманите на оваа екипа примија дури 55 на 26 меча.

Треба да се напомене дека ова е градско дерби бидејќи двете екипи се од Санта Круз и секогаш имаат посебни мотиви за победа.

Предлог тип: Х2&0-2 гола (2.25)

 

Америка де Кали – Патриотас (Колумбија, 02.30 часот)

Патриотас е една од екипите во Колумбија со куса историја бидејќи се основани како градски клуб на Туња од тогашниот градоначалник Михел Анхел Бермудес.

Америка де Кали е клуб со огромна традиција во Колумбија, основана во 1927 година. Има 13 титули, како една од најтрофејните екипи, и е фаворит и на овој меч против Патриотас.

Интересно е што популарните Патриоти во 2011 година за првпат се пласираа во Првата лига со победа токму против Америка де Кали, и тоа по подобро изведување на пенали. Но, има и црна страница во меѓусебните дуели со 13-кратниот првак на Колмбија, бидејќи никогаш не победиле на арената „Олимпико Паскал Гереро“ во Кали.

Предлог тип: 1 (1.65) 

 

Гремио – Либертад (Копа Либертадорес, 02.30)

Почнува осминафиналниот двомеч во Лигата на шампионите на Јужна Америка меѓу бразилскиот Гремио и Либертад од Парагвај.

Интересно е што двете екипи беа во иста група во овој циклус натпревари во Копа Либертадорес и забележаа победи на гостински терен во меѓусебните дуели.

Во март Либертад го изненади Гремио во Порто Алегре и ги освои бодовите со триумф од 1:0. Следуваше комплетен реванш во Парагвај само еден месец подоцна, а со 2:0 на победа се радуваа Бразилците.

Сега нема многу простор за калкулации, се работи за многу важни два дуели што носат четврт-финале и шанса да се остане во битка за драгоцениот пехар.

Гремио има три трофеи во Копа Либертадорес и уште две финалиња, ќе игра во комплетен состав, а од опасниот стрелец и репрезентативец на Бразил, Евертон, се очекува многу.

Гостите ќе играат без стандардниот Луис Кардосо, но очекуваат добар резултат како подлога за реваншот во Асунсион.

Предлог тип: 0-2 гола (1.58)

 

Коринтијанс – Вондерерс (Копа Судамерикана, 02.30)

Вагнер Лав и соиграчите од Коринтијанс ќе се обидат да направат што поголема разлика за реваншот во Уругвај, а победа на двомечот носи пласман во четврт-финалето во вториот по ранг континентален клупски куп на Јужна Америка.

Коринтијанс има одличен состав, но не игра добро во бразилското првенство. Прима малку голови и е најдобрата екипа во Лигата според бројот на примени погодоци, само шест, но нападот не му функционира најдобро. Лав, репрезентативецот Фагнер, Клејсон и останатите играчи на бразилскиот гигант тешко го наоѓаат патот до мрежата на противниците.

Вондерерс е сериозен противник, но и Волшебниците не играат добро и стартуваа со два порази во домашното првенство.

Предлог тип: 1 (1.30)

 

Индепендиенте – Универзидад Католика (Копа Судамерикана, 02.30)

Ги нарекуваат Кралеви за купови и играчите на Индепендиенте низ историјата сосема го оправдаа прекарот. Имаат 7 титули во Копа Либертадорес, две во Копа Судамерикана и еден во Рекопа, со што се меѓу најуспешните екипи на континентот.

Навивачите на клубот од Буенос Аирес се познати по жешката атмосфера што знаат да ја направат на „Авелјанеда“, па на Унивезидад нема да му биде лесно да се справи со искушенијата на гостувањето во Аргентина.

Сепак, гостите се многу незгоден ривал и ѝ припаѓаат на големата тројка на чилеанскиот фудбал, па ќе бидат тврд орев за кршење. Играчите на Универзидад Католика играат многу ефикасно во последно време и ќе типуваме дека барем еднаш ќе ја затресат мрежата и на Индепендиенте.

Предлог тип: ГГ (2.30)

 

- Оглас -

Најнови вести