Гасол во Портланд ќе има помала плата од таа на Миротиќ во Барселона

Пау Гасол прифати во својот нов клуб Портланд трејлблејзерс да игра за минимална плата којашто им следува на ветерани со негов стаж во НБА-лигата, а годишната плата од 2,6 милиони долари е најмала за него во 18-годишната кариера во најсилната кошаркарска лига на светот.

Дури и како дебитант, Гасол имаше поголема плата, а рекордна му беше платата во 2013/14, кога во Лејкерс доби 19,3 милиони. За 18 години во НБА, Гасол заработи 218,5 милиони долари, а сега како 39-годишен во следната сезона може да биде највозрасниот играч во Лигата, освен ако не се случи Винс Картер или Џамал Крафорд да продолжат да играат.

Во претходната сезона, Гасол играше само 30 меча, го откажа учеството на СП и дојде во ситуација да има играчи во Евролигата кои се поплатени од него. Никола Миротиќ по заминувањето од НБА и враќањето во Европа, со договорот кој го постигна со Барселона ќе има поголема плата од Гасол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести