Бандитите одбраа погрешен автомобил и човек за грабеж. Колашинац е граден од истиот материјал како тоалетите во Северен Лондон што го преживеаја бомбардирањето во Втората светска војна е една од најинтересните реакции на социјалните мрежи по херојскиот чин на бекот на Арсенал при вчерашниот напад на автомобилот што го управуваше неговиот соиграч Месут Озил.
Колашинац со голи раце им се спротивстави на напаѓачите, кои имаа ножеви и се обидоа да го ограбат Озил.
„Ова е невидена храброст од човек што брани соиграч и тоа против повеќе напаѓачи вооружени со ножеви. Да се прашувам јас, би му ја дал капитенската лента на Колашинац во Арсенал. Тој е бестрашен борец“, вели познатиот британски новинар Пирс Морган, кој е голем навивач на Топчиите.
Во автомобилот што бандитите на мотори долго го следеле биле Озил, неговата сопруга и Колашинац. Целта била да се ограбат фудбалерите, а се работи за организирана група на чиј идентитет се работи.