Акмади Јаржанов е детето кое успеа да втрча на терен и да го поздрави Кристијано Роналдо за време на пријателскиот меч против Тотенхем кој се играше во Сингапур. Меракот на Јаржанов го чинеше детето да заврши во сингапурски затвор заедно со неговиот татко.
Иако на Роналдо воопшто не му пречеше детето, дури му дозволи на детето да направат неколку селфи фотографии, а потоа и го понудија со вода.
„Му реков на Кристијано дека сум негов голем навивач и дека доаѓам од Казакстан. Ми рече дека ја има посетено мојата земја и ми посака среќа“, изјави детето од Казакстан.
Сепак, строгите сингапурски закони не дозволуваат влегување на терен на навивачите. Токму поради тоа, детето и неговиот татко завршија во затвор, но по брзата реакција на конзулот од Казакстан, двајцата биле пуштени на слобода.